(Видео и фото) Дваесет обучени асистенти за негување на стари и изнемоштени лица преку проект на УНДП во Велес

Објавено на 16 јуни, 2024 во 13:57

По дво месечна обука и едно месечна пракса, дваесетмина велешани, се стекнаа со Сертификат за негување на стари и изнемоштени лица во Велес. Во рамки на теоретската настава за негување и помош на лицата нив ги обучуваше Олгица Пепелашева, дипломирана медицинска сестра на ЈЗУ Општа болница Велес и лиценцирани обучувачи додека праксата ја изведуваа во семејства кои се членови на Ресурсен центар и на Здружение на лица болни од церебрална парализа и други попречености Велес.

На десетмина асистенти, вчера верчер, им беа поделени Сертификатите од страна на обучувачката Олгица Пепелашева.

Овие како и претходната група, составена исто така од десетмина асистенти – негуватели, ќе работат една година и ќе бидат платени од страна на Агенција за вработување која е партнер во реализацијата на овој проект на УНДП и на Швајцарска агенција за развој.

Во овој изминат циклус на реализација на проектот обучени се и шест лични асистенти за нега во домашни услови на стари и изнемоштени граѓани во Велес преку Здружението на лица  болни од церебрална болест и други попречености кое веќе ги подели Сертификатите.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.