(Видео и фото) Велешката болница со бројни предизвици, приоритетен е десеткуваниот медицински кадар – се приотизира ли приватното на сметка на јавното здравство?

Објавено на 5 февруари, 2024 во 10:00

Онколошкиот пациент Ване Михајловски од Велес, пред неколку месеци, се искачи на покривот на велешка болница во знак на протест што за неговите резултати од рентгенолошките снимки направени во ЈЗУ Општа болница Велес немаше специјалист радиолог којшто може да ги прочита. Го симнаа здравствените работници, пред новинарите да стигнат во болницата, со ветување дека за пет дена ќе добие резултати кои ќе ги прочита лекар специјалист.  Тие не му прецизирале како ќе го обезбедат лекарот.    

„Морав да го сторам ова, не само за себе туку и за сите пациенти кои со месеци се соочуваа со ист проблем поточно неможност да добијат комплетни резултати во велешка болница. Јас се лекувам од канцер. Метастазите не можат да ја чекаат ни болницата ниту министерството за здравство со месеци да го обезбедат потребниот лекар“, рече тогаш Михајловски.

„Една лекарка специјалист радиолог замина во пензија а втора си дала отказ. Држам  снимки во раце ама без наоди во нив. Нема лекар да ги прочита, да стави потпис и печат. Потребни ми се за понатамошно следење на болеста. Ни можам да ги однесам кај матичен лекар ниту знам што понатаму да правам“, рече пациентка од Велес додека при тогашната посета на болницата излегуваше од Одделението за Рентгенологија.

Јавната здравствена установа „Општа болница“ Велес не само што нема специјалист радиолог туку по пензионирањето, на почетокот на 2023 година, остана и без субспецијалист алергопулмолог а потоа и  без специјалист за уво, нос и грло.

 „Останав без инхалатори за астма. Субспецијалистот си заминал во пензија. Не знам како сега да препишам дневна терапија. Без негов потпис и печат не можам да ги подигнам во аптека. Ако не ги користам инхалаторите не можам да дишам, се борам за воздух. Тоа не е лесна состојба,“ рече пациентка која боледува од хроничен опструктивен бронхит. Со иста дијагноза во Велес, како последица на три деценската загаденост со тешки метали, се стотици граѓани. И не само возрасни туку има и деца“, додаде пациентка.

Велешанката со дијагноза „хроничен обструктивен бронхит“ ја зборува вистината потврди Ристе Богоевски, поранешниот директор на  „Општа болница“ Велес уште на почетокот на месец февруари лани, кога појасни дека јавната здравствена установа бара решение. Но, болницата ни по скоро една година од пензионирањето на единствениот лекар од овој вид на специјалност со субспецијалност, за него нема замена. Тој не прифатил да ја стави во мирување пензијата за да продолжи да лекува пациенти бидејќи така налага законот. 

Месеци ги делат Велешани од можноста да престане и континуитетот на добивање болничка здравствена услуга на Инфективно и на одделението за Физикална терапија. Докторки специјалистки ги делат или неколку месеци или година до две од пензионирање. Ако не се најде замена со која ќе се обезбеди втор лекар специјалист тогаш ни овие две болнички одделенија не ќе можат да хоспитализираат  пациенти. Не е подобра состојбата ниту на споените во едно одделение, за очни и за болести на уво, нос и грло, како и за урологија. Нема специјалист за уво,нос и грло додека по еден уролог и офтомолог даваат здравствени услуги на сите пациенти. Велешка болница има и еден специјалист дерматовенеролог. Затоа дел од одделенијата зјаат празни додека амбулантите се преполни со пациенти кои со месеци чекаат термин за преглед. На дел од нив не им помагаат ни приоритетните упати на матичните лекари.

„Чекам ред за ехо на абдомен на Интерно одделение. Имам проблем со дебело црево. Матичниот лекар ми даде приоритетен упат. Чекав ред вчера, ќе чекам денеска, утре, задутре, се додека не се ослободи термин, рече пациент. Тој  се разочара кога лекарката, специјалист интернист, излезе од „Ехо кабинетот“ обраќајки им се на пациентите во преполниот хол со зборовите: „Ве молам останете само вие што имате закажан термин. Повторно прегреа ехо апаратот и се исклучи. Знам дека се случува трет пат од утринава ама ништо не можам да сторам бидејќи не возможно е во еден ден да се направат 20 ехо прегледи во термин и на уште 20 со приоритетни упати. Нека излади и повторно ќе го вклучам“.  

Тоа што Интерно одделение има вкупно девет лекари специјалисти, од нив двајца  супспецијалисти од гранките гастроентерохепатологија и кардиологија, е предност но за да биде добро екипирано му фалат 10 медицински сестри. Поточно средно стручен медицински персонал недостасува и на останатите седум болнички одделенија детско,хирушко, гинеколошко акушерско,очното и ушно, невропсихијатриско, инфективно и физикалното. На последново работи по една медицинска сестра во смена која во исто време е и болничарка. 

Во овој момент, ваква каква што е, велешката Општа болница ни оддалеку не е тоа што беше пред четири ипол децении. Тогаш и десеттина години подоцна болницата имаше регионален статус. Лекуваше амбулантски и болнички пациенти од цело Повардарие. Од Свети Николе до Дојран и до Гевгелија. Во 80-тите години на минатиот век на хирушкото одделение, тимот специјалисти по хирушки болести, вршеше операции на глава и на колк иако на располагање од апаратура  најсофистициран беше рентген апаратот.

Последната деценија состојбата во болницата е алармантна, сметаат пензионирани лекари, чија констатација е дека јавната здравствена установа тешко излегувала на крај со здравствени услуги кои им се потребни само на велешани затоа што не успеала да се справи со три суштествени проблеми. Со приоритетниот, природниот одлив на кадар со навремено обезбедени вработувања на нови лекари испратени на специјализација, во законско времетраење, кое овозможува најмалку две годишна работа на новите специјалисти со искусните, пред пензионирање. Второ, одливот на специјализиран медицински персонал во приватните болници во Македонија и во странство кои на државна сметка специјализирале но, законски не ги одработиле петте години во болницата. Трето, недостигот на квалитетен и софистициран број на медицински апарати. 

Во Систематизација на работни места, ревидирана во 2019 година, велешка болница има предвидено вкупно 446 вработени здравствени работници, административен и технички персонал. Но фактичката состојба покажува дека во моментов работи со помалку и од 50 отсто од предвидениот здрвствен, административен и технички персонал. Поточно само со 217 здравствени работници ако во меѓувреме не заминал уште некој во приватна клиника или во пензија. Во официјалниот одговор на новинарското прашање од јавната здравствена установа напишаа дека „ во изминатите пет години од работа си заминаа 25 лекари специјалисти, од кои девет од специјалноста Хирургија, Интерна медицина, Рентгенологија и болести на Уво нос и грло“. Најверојатно останатите се пензионирале или си заминале на работа во други здравствени установи во и надвор од државата. 

Минатата година 47 лекари специјалисти, од кои двајца субспецијалисти од гранките гастроентерохепатологија и кардиологија,  ги издаваат здравствени услуги на пациентите. Во моментов 11 лекари се на специјализација.  Општа болница Велес има еден здравствен работник со виша школска спрема и 151 со средно медицинско училиште. Бројот на технички и помошен персонал не беше ставен на располагање за подготовката на истражувачката приказна но при посета на болницата може да се констатира дека тој може да се изброи на прсти откако вработени во сервис служби ја чистат болницата, ги перат чаршавите и навлаките и ја носат храната за лежечките пациенти. За последниве услуги болницата им плаќа на избрани фирми  иако има перална и во главната зграда имаше реконструирана кујна, по хасап систем,  во која до 2014 година работеше квалификуван персонал којшто ги задоволуваше како условите така и потребите на болницата. 

Додека кај и онака малиот број на здравствени и административни работници се чувствува преоптовареност и незадоволство како од обемот така и од платите Болницата констатира дека успевала да  се справи со предизвиците.  

„Состојбата се решава со поделба на работните задачи на другите вработени во болницата. Секоја година одговорното лице подготвува план за годишни вработувања кои се доставуваат до министерствата за здравство и за информатичко општество и администрација,“ велат од велешката Болница. Тие дополнуваат дека минатата година добиле одобрување за 59 вработувања на неопределено време кои зависеа од одобрување на Министерство за финансии.

Минатата недела, министерот за здравство Фатмир Меџити присуствуваше во посета на болницата во Велес поради набавка на нов апарат за анестезија и респиратор. Сепак, состојбата со недостаток на современа медицинска опрема се провлекува над една деценија. Во тој временски период откажуваа и купени или донирани медицински апарати. Највпечатлива е состојбата со Компјутерскиот томограф, значаен апарат во дијагностиката, којшто реално подолго време чека на поправки и замена на делови отколку што снима пациенти. Тоа резултира со фатален исход за десетици граѓани кои после мозочни удари наместо да бидат снимени во велешката се транспортираат во Клиничка болница Штип или на скопските клиники.

„ Не ми е јасно како често се расипува КТ апаратот или како може да нема лекар да ги прочита резултатите од снимките. Зошто децата да ми бараат на приватно да направам снимање? Јас плаќам здравствено осигурување. Сега сум приморана да платам во приватна клиника затоа што во државна здравствена установа не се наоѓа празен термин,“ рече пациентка со упат за снимање на Компјутерски томограф. И таа не е единствена граѓанка што мисли дека државата на сметка на приватното го ништи јавното здравство.   

„Новинарите обелоденија дека државата дала пари од буџетот за клиника која сега е приватна а таму ако отидеш треба да платиш од неколку стотини до неколку илјади евра. Беззаконие и безредие, немам друг коментар,“ рече онколошки пациент со упат за снимање на Компјутерски томограф.  

Министерството за здравство не одговори за потребите од доекипирање со потребниот број на медицински сетри и административен персонал кои на болницата и се повеќе од потребни. Единствено што министерството стори по поставените новинарски прашања е експресно дадената согласност на велешката болница за соработка со Универзитетската Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски” од Скопје со којашто 10 лекари специјалисти по радиологија предводени од проф. д-р Антонио Григориевски ќе започнат да издаваат здравствени услуги за секој пациент во Велес. За одобрувањето болницата објави пост на својот фејсбук профил. 

Дали држвата го приотизира приватното на сметка на јавното здравство ?

Според лекарите, со вакви интервенции државата не му помагаат на здравствениот систем. Во изминатите децении, од независноста на државата до сега, нивниот и впечатокот на граѓаните е дека јавното здравство намерно се разградува. Претседателката на Здружение на приватни лекари на Македонија, др Лилија Чолакова Дервишова, гласи: „Државата со тоа што навремено не го реорганизира, кадровски екипира, модернизира со софистицирани медицински апарати и не обезбеди усовршување на здравствените работници потврди дека го  фаворизира приватното здравствено лекување на сметка на јавното“.  

„Процесот треба да биде обратно поставен. Фонд за здравство е монопол. Голем е бројот не само на граѓани туку и на лекари кои секојдневно се прашуваат зошто плаќаме здравствено осигурување кога за 80 отсто од услугите дополнително го отвораме личниот паричник и плаќаме во приватни клиники. За ваквата состојба забелешки имаат Светска банка и Светска здравствена организација. Често  дискутираме за проблемот. Исто така  „Мој Термин“ ја изгуби смислата на постоење откако драстично се намали бројот на здравствен кадар во државното здравство поточно по заминување на најстручните лекари од општите во приватните болници. Лекарите  си заминаа за повисоки плати, за подобри услови за работа и за континуирано едуцирање во врвни здравствени центри.  Затоа операција на дојка во приватна болница  чини помеѓу 3000 и 4000 евра што секој не може да ја плати,“ додаде Чолакова Дервишова. Таа упати апел до владата и до министерството за здравство за итно запирање на  празнењето на јавните болници со здравствен персонал.

„Мора да има поголем домаќинлук од сите министри за здравство. Досегашните не дозволија развивање на јавното здравство преку  добро јавно приватно партнерство кое ќе овозможи најдобри услови за лекарите кои одлучиле да останат и да лекуваат пациенти затоа што граѓаните плаќаат за да имаат континуирана и квалитетна лекарска грижа.“ Д-р Чолакова Дервишова предлага државата итно да го примени концептот на создавање на регионални здравствени центри по модел на екипирање на лекарски тимови од најмалку две болници. „Ако во една јавна болница имаме доволен број на хирурзи а во друга анестезиолози тогаш потребна е итна реакција на министерот и екипирање на тимови со кадар од двете болници за работа од утро до вечер. Значи обезбедување на 24 часовна здравствена грижа за граѓаните со потреби на ургентна медицинска или здравствена услуга од хирушките гранки. И не треба да дозволиме болничките одделенија да останат празни туку да ги пренамениме за грижа за стари и изнемоштени лица со ангажирање на расположливиот средностручен медицински кадар, вработен во општите болници.“ 

Во Велес, не така одамна постоеше иницијатива за отворање на геријатриско одделение, во болничкиот комплекс. Иницијативата ја предложи еден од поранешните директори, др Димитар Стровјаноски кој сега е пензионер. По неговата смена пропадна не само оваа туку и иницијативата за пренамена на приземниот дел на главната болничка зграда во Ургентен центар во кој добро екипирани и едуцирани тимови на здравствени работници ќе ги прифаќаат пациентите и ќе обезбедуваат комплетна дијагностика а потоа ќе ги пренесуваат на одделенијата за лекување и неопходна нега. 

Др Стровјаноски, смета дека Фондот за здравствено осигурување којшто е финансиран од  граѓаните треба да ги плаќа сите потребни здравствени услуги во јавните болници додека приватните болници треба да бидат плаќани од дополнителен фонд во кој граѓаните би партиципирале сопствени средства доколку сакаат да користат услуги. Тоа конкретно би значело воведување на дополнително здравствено осигурување преку осигурителни компании, под контрола на државата. 

„Единствен оправдан трошок што државата би требала да го плати за здравствена услуга во приватна клиника е доколку пациентот доаѓа од град или регион каде јавното здравство нема лекари со неопходно потребната специјалност. Затоа јавното здравство мора да биде доволно екипирано со сите можности за дијагностика, за лекување на сите болести и со лекари од сите специјалности. Не сум против приватните болници меѓутоа  видовме во минатиот период дека тешко се контролира преносот на финансиските средства од ФЗОМ во приватните болници и затоа државата мора да поведе сметка како ќе бидат субвенционирани услугите кои се потребни на граѓаните а ги нема во јавното здравство. Системот мора да има контрола над се што досега  е исплатено на приватните болници,“ додаде др Стровјаноски.  

Според него демографските движења и статистичките податоци мора да бидат основа на новите пресметки на здравствените услуги додека јавното здравство најитно мора да се ослободи од политичкото поставување на менаџери на јавните установи. 

„Државата располага со огромен број на болнички капацитети но за жал се помалку има специјалистички кадар и медицински сестри коишто остануваат во нив. Министерство за здравство мора да поведе сметка за потребите од кадар, медицински апарати и нови видови на лекување како и лекови кои би се плаќале од ФЗОМ за пациентите да не се најдат во вакум или празна зона. Не смее да се дозволи приватните болници да се најдат во  состојба да нудат сомнителни здравствени услуги. Таква дискрипанца не е возможна во нормален здравствен систем кој се базира на докази, дијагностика и услуги,“ констатираше др Стровјаноски . 

Моделот според кој функционираа јавните здравствени институции во претходниот систем е најприфатлив за Велешани. За граѓаните неразбирливо е зошто државата дозволи тој да се разгради до степен на полупразна болница со здравствен и административен кадар. Исто така и со недоволен број на медицински апарати од коишто пред се зависи личното но е многу важно и за квалитетот на колективното здравје на локалната заедница.   

Авторка: Убавка Јаневска

Истражувачката приказна работена е од месец октомври 2023 година до јануари 2024 година во рамки на Програмата за жени новинари на ПИНА

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด