(Видео и фото) Вицепремиерот Бетиќи тврди дека новиот пат до езеро „Младост“ е граден според законски нормативи на регионален пат

Објавено на 20 ноември, 2023 во 15:27
Фото: Општина Велес

Кога се дефинираат регионалните патишта, согласно конфигурацијата на теренот, се појавува потреба од одредени отстапки но мора да е во законските и проектните критериуми коишто се зададени, одговори Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи на новинарското прашање на Дума.мк за стеснетиот пат од Велес до езеро „Младост“.

Дума.мк на Вицепремиерот Бетиќи му ги пренесе мислењата на професионалните возачи кои, исто како и граѓаните на Велес, тврдат дека по новоизградениот пат возењето превозни средства е тешко. Особено при разминувањето на автомобил со автобус кога тие доаѓаат од спротивна насока.

Вицепремиерот Бетиќи во саботата, на 18 ноември, поминал по новоизградениот пат за што констатираше дека е еден од подобрите патишта во Европа коишто водат до туристичка дестинација. Тој сугерираше дека по коловозот на овој пат има ограничена брзина од 50 км/час и доколку се вози според пропишаните правила тогаш патот е безбеден за сообраќај.

Овој патен правец треба да биде регионален пат по којшто ќе се стигнува и до Скопје како алтернативен за автопатот. Исто така се гради и од страната на Петровец кон езеро „Младост“ за да се поврзе со Велес. Тоа значи дека по целосната изградба велешани како и останатите граѓани во државата кои нема да сакаат да возат по автопат, да не плаќаат патарини, ќе можат да го користат овој регионален пат. Но, останува нејасно дали ќе можат да се разминат со автобуси и товарни возила.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.