(Видео) Пет вечери на ора, танци и песни на фолклористи од пет континенти, започнува ИФФ „Велес 2025“

Се е подготвено, од денеска, Велес е домаќин на јубилејниот 20 –ти Интернационален фестивал на фолклор „Велес“. Попладнево во градот пристигнуваат првите фолклорни ансамбли и музички состави кои од утре вечер, 1 јули до сабота, 5 јули ќе учествуваат на фолклорниот фестивал. Локацијата е иста, Амфитеатар на Младински парк се разликуваат дел од учесниците, гости додека домаќините се исти, сите фолклорни друштва, оркестри и пејачки групи од Велес.
Градоначалникот Марко Колев им се заблагодари на организаторите Ансамбл „Керамичар“, КУД „Коле Неделковски“ и КУД „Вила зора“ за нивната посветена организација и ги покани Велешани да бидат дел и од годинешниот, јубилеен фолклорен фестивал.
Годинава освен од Европа гости на фестивалот се и ансамбли како и состави од Чиле, Мексико и Австралија. Исто така и Ансамбл „Танец“ ќе одржи концерт. Од Организациониот одбор на ИФФ „Велес 2025“ , Бехим Мехмедов ја соопшти целосната фестивалска програма која годинава финансирана е со 900 илјади денари од Општина Велес и 400 илјади денари од Министерство за култура и туризам.
ИФФ„Велес 2025“ започнува со дефиле низ градските улици, утре вечер, во 19:30 часот додека еден час подоцна закажано е свеченото отворање во Амфитеатар на Младински парк. Во случај на неповолни временски услови фестивалските настапи ќе се одржат во спортска сала на ООУ „Блаже Конески“.
Целосната годинешна Програма на фолклорниот фестивал е следна:


Убавка Јаневска
