(Видео) ССОУ„Коле Неделковски“ прераснува во државно училиште и Регионален центар за стручно образование и обука во Вардарски регион
Прво средно училиште во регионот коешто преминува од општинско во државно е ССОУ „Коле Неделковски“. Одлуката е донесена во вторникот, 7 ноември, на седница на македонската Влада. Директорка Весна Стојанова Богоевска одговара на новинарските прашања што конкретно значи промената на статусот на училиштето и какви се придобивките како за досегашното општинско средно училиште така и за за учениците, за граѓаните и за локалната заедница.
Според Стојанова Богоевска ова значи голема придобивка како за училиштето така и за градот Велес што по 1 јануари 2024 година ќе значи можности за добивање на поголем број инвестиции како и усовршување на наставниот кадар преку обуки да биде обучен за понатаму да одржува обуки за останатите колеги во државата. Изборот за четврто државно средно училиште е резултат на расположливите капацитети на образовната институција како со стручен наставнички кадар така и со големиот број на ученици коишто се образуваат. Во моментов, ССОУ „Коле Неделковски“ очекува одобрување за вработување на четири нови наставници поточно инжинери. Тенденцијата на развој според Стојанова Богоевска е во зголемување на бројот на наставниот кадар затоашто од година во година се поголем број на ученици се запишуваат во училиштето и расте бројот на заинтересирани граѓани за дооформување, преквалификација, со што би биле поконкурентни на пазарот на труд во Македонија.
Селекцијата на училиштата со капацитет за регионални центри за стручно образование ја прават претставници на Европска Унија во соработка со Министерството за образование и наука.
Убавка Јаневска