(видео) Велешките средношколци се едуцираа за дигитално изразување и влијанието на социјалните мрежи

Објавено на 7 февруари, 2024 во 16:50

Која е моќта на дигиталното изразување и каков е ефектот на социјалните мрежи и дигиталниот свет врз социјалниот и колективната благосостојба кај младите, беше денешната тема работилницата организирана во Европска куќа Велес за велешките средношколци. Присутните ученици преку забавни игри, прашалници но и меѓусебна дискусија споделуваа мислења за добрите и лошите страни на социјалните мрежи.

За време на настанот беа присутни и ученичките Наталија Јованова и Христина Станоева кои се членови на Младински центар Кавадарци кои споделија дека работилницата била одлично организирана и посакуваат соработката помеѓу нивниот и велешкиот младински центар како и Европска куќа Велес се повеќе да расте.

Средношколката Ангела Желкова која е член на Младински центар Велес рече дека оваа работилница и ги доловила сите позитивни и негативни влијанија на социјалните мрежи.

Според едукаторот на работилницата, професорката Драгана Јованова, денешната панел дискусија е од голема важност за средношколците.

Европска Куќа и Младински центар Велес и во наредниот период ќе организираат многубројни едукативни настани за сите ученици и млади во градот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.