(Видео)Министер Спасовски: МВР поставува јавен видео надзор и ги поврзува секторите кој не е за потребите на општините

Објавено на 24 октомври, 2023 во 13:07

Проектот на МВР којшто овозможува заштита на јавната безбедност засега функционира во Скопје, Куманово и Прилеп. Сега МВР го надоградува за да воведе јавен видео надзор над автопатите со што казните за прекршоците во сообраќајот ќе се испорачуваат по електронски пат. Во Прилеп е изграден и ставен во функција Центар за спречување на катастрофи, кој има човечки ресурски за 24 часовно следење на состојбата, и поврзан е со оптички водови за потребите на министерството и за секторите за внатрешни работи. Вод има и за директно поврзување на СВР Велес. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не прецизираше кога точно ќе се случи поврзувањето на велешкиот сектор но беше конкретен дека овој јавен видео надзор нема да го користи и општина Велес.

Спасовски смета дека општините треба да имаат посебен видео надзор, како што тоа веќе функционира во Кавадарци, за заштита на јавното материјално и нематеријално добро, како што се имот, урбана опрема и слично.

Вака одговори на новинарското прашање на Дума.мк кога Велес ќе биде приклучен на јавниот видео надзор на МВР?

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.