Во Центар за вработување Велес уште три дена активна мерката за негователи/асистенти
Евидентираните невработени лица во Центар за вработување Велес, кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти како дел од мерката „Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во домот и во заедницата“. Невработените заинтересирани лица потребно е да имаат завршено минимум основно образование.
-Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимањa: – Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест, палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица, асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза, неговател за стари и немоќни лица, неговател за лица со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа, неговател за деца со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа, личен асистент за лица со попречност, обаснуваат во јавниот повик од Агенција за вработување.
Обуката ќе се реализира во период од три месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
-Невработените лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 11.000 денари, по лице со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за времетраење на обуката од 3 месеци. Невработените лица кои успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираните здруженија на граѓани и приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица /работодавачи. При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните здруженија на граѓани и приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица/работодавачи, во соработка со Центарот за вработување и УНДП, додаваат од Агенција за вработување.
Исто така додаваат дека правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:
-Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
-Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија, притоа земајќи ги во предвид и бројот на евидентирани невработени лица во центри за вработување кои припаѓаат во регионот.
За време на учество на невработените лица во мерката за периодот на обука, истите го користат и стекнатото право за парична помош согласно Законот за социјална заштита и правата по основ на невработеност. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центар вработување Велес, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Аплицирањето трае до 11.07.2024 година, односно се до исполнување на предвидениот опфат.
Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, како и на контакт телефон: 071 329 534 или на е-маил адреса: [email protected].
Стефани Манева