Во сообраќајка кај трговски центар тешко повредена возрасна велешанка

Објавено на 1 декември, 2021 во 12:48

Фото: Google maps

Дваесет и седум годишниот Т.М возејќи наназад со автомобил „Хјундаи“ со велешки регистарски ознаки удрил во седумдесет и осум годишната З.К од Велес која преминувала улица надвор од обележан пешачки премин.

При ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес.

– Во сообраќајната незгода повредената пациентка се здобила со тешка телесна повреда, скршеница на колк, за што по направените прегледи и утврдената повреда веднаш е транспортирана во ГОБ „8-ми септември“ во Скопје, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

Сообраќајната незгода се случила вчера, 30 ноември, во 10:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ пред Трговскиот центар во Велес.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека бил извршен увид на местото на незгодата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.