Во сообраќајна незгода кај Демир Капија тешко повреден млад возач, повредени и двајца сопатници

Објавено на 1 јули, 2025 во 12:15

На обиколницата во Демир Капија патничко возило „митсубуши“ со демиркаписки регистарски ознаки излетало од коловозот. Возилото го управувал осумнаесет годишниот Н.Д од Демир Капија кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кавадарци.

Во возилото со него биле и деветнаесет годишниот Д.П и уште еден малолетник кои се здобиле со телесни повреди кои исто така им биле констатирани во кавадаречката болница.

Сообраќајната незгода во Одделение за внатрешни работи Неготино била пријавена вчера вечер, во 22:50 часот и увид на лице место бил извршен од увидната екипа на ОВР Неготино.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.