Во Велес одбележани 75 години од погубјето на народната хероина Мирка Гинова
Со положување на свежо цвеќе на спомен одбелжјето со бистата на Мирка Гинова беше одбележана 75 годишнината од нејзината погибјата исто така велешани ја одбележаа и 74 годишнината од крајот на граѓанската војна во Грција. Настанот се случи пред поставениот споменик со имињата на 105 доброволци учесници во граѓанската војна од Егејскиот дел на Македонија во Демократската армија на Грција што се наоѓа на централната градска улица „Благој Ѓорев“ спроти велешката Гимназија.
– Наши сограѓани од Егејскиот дел понесени од идеата за остварување на човекови права, се приклучуваат во Демократската армија на Грција. Тие ја прифатиле идеата бидејќи со векови тежнееле за остварување на права. На овој споменик се запишани имињата на борци доброволци чии семејства доживеале тортура. Тие тргнале од велешката околија што ја сочинуваат Општина Велес, Општина Градско и Општина Чашка. Затоа денеска претставници од сите општини заедно чествуваме, рече Бошко Божинов претседател на здружението за заштита на човекови права на прогонетите од Егејскиот дел „Ѕвезда“ од Велес.
За време на граѓанската војна сите доброволци учесници загинале но никој не го знае точниот датум па затоа Здружението за заштита на човекови права на прогонетите од Егејскиот дел „Ѕвезда“од Велес, одлучиле денот за чествување да биде 26 јуни, кога е погубена народната хероина Мирка Гинова.
Денеска пред спомен одбележјето на Мирка Гинова свежо цвеќе положија Здружението за заштита на човекови права на прогонетите од Егејскиот дел „Ѕвезда“, претставици од здружението „Егеј“ од Штип, од Здружението „Свети Герман“ од Скопје, од Здружението „Ѕвездата од Кутлеш“ , од Форум за човекови права од Скопје, од Општина Велес, од Општина Чашка, од Општина Градско како и Здружението на борците од НОВ на Велес.
Стефани Манева