Во Велес, попладнево измерени 31,4 целзиусови степени,каде беше најтопло

Објавено на 4 јуни, 2024 во 19:32

Во Велес, попладнево измерени 31,4 целзиусови степени.

Попладнево е многу топло низ Македонија, токму поради влијанието на топлиот бран кој продира од јужните географски широчини, односно од Африка кон нашата држава. Најтопло во 14 часот беше во Кавадарци, Струмица  и во Гевгелија каде се измерени 33 степени, најниска температура од градовите е измерена вообичаено во Крушево и тоа 22 степени, соопшти Метеоаларм.

Во продолжение на табелата подолу погледнете ги денешните температури измерени и во останатите градови и места низ Македонија во 14 часот, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Топлото време продолжува  и во следните денови, а уште потопло ќе биде од петок до вторник кога во најтоплите предели од државава температурата ќе се искачи и до околу 40 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.