Во велешка болница 26 ковид пациенти на кислородна поддршка

Објавено на 10 ноември, 2021 во 11:53

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 55 ковид пациенти од кои 41 се потврдени позитивни, пет пациенти се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување поради потреба од кислородна поддршка.

-На континуирана кислородна поддршка се вкупно 26 пациенти од кои 14 на Инфективно одделение, тројца на Интерно одделение и девет во Модуларна болница, соопшти порпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 24 пациенти, на Интерно одделение осум пациенти и во Модуларна болница 23 ковид пациенти.

Во текот на денот примени се двајца пациенти во Модуларна болница од кои еден е транфер од Интерно одделение и еден испратен од матичен лекар.

Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен PCR тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.