Во велешка болница нема хоспитализирано ковид пациенти
Објавено на 5 мај, 2022 во 13:29
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, за прв пат, во ЈЗУ Општа болница Велес нема хоспитализирано ковид пациенти. Портпаролката на велешката болнца д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека во моментов на болничко лекување се 14 пациенти но тие не се позитивни на Ковид-19.
-На Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти но со друга инфективна патологија и на Интерно Б одделение хоспитализирани се девет пациенти но ниту еден од нив не е суспектен, соопшти д-р Левкова Ќулумова.
Во моментов на Инфективно одделение има 45 слободни болнички кревети.
Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Велес се заразиле 9762 лица а во моментов активни се шест лица.
Стефани Манева