Во велешка болница се лекуваат 24 ковид пациенти
Објавено на 28 февруари, 2022 во 09:48
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 24 ковид пациенти од кои 17 се потврдени позитивни, четворица пациенти се сомнителни и тројца се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 20 пациенти и на Интерно Б одделение четворица, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 10 пациенти.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примен е еден пациент.
Стефани Манева