Во велешка болница се лекуваат 30 ковид пациенти
Објавено: 18 јануари, 2022, во 12:22 часот
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 30 ковид пациенти од кои 20 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 23 и на Интерно Б одделение седум пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 11 пациенти.
Во изминатите 24 часа во велешка болница примени се двајца ковид пациенти и од болничко лекување испишани се тројца пациенти.

Стефани Манева



