Во велешка болница се лекуваат 41 ковид пациенти, 19 на кислородна поддршка
Објавено на 18 февруари, 2022 во 14:57
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 41 ковид пациенти од кои 30 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и 10 пациенти се со негативе тест но задржани на болничко лекувње. Во изминатите 24 часа примен е еден пациент велешка болница.
-На Инфективно одделение се лекуваат 25 пациенти, на Интерно Б одделение пет пациенти и на Физикална – Ковид одделението 11 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 19 пациенти.
Од болничко лекување испишани се тројца пациенти од кои една пациентка е преместена во „8-ми септември“ во ковид одделението.
Стефани Манева