Во велешка болница се лекуваат 57 ковид пациенти
Објавено на 22 октомври, 2021 во 15:35
Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 57 ковид пациенти, од кои 44 се потврдени позитивни, пет сомнителни и осум пациенти со негативен тест но задржан на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 27, на Интерно одделение осум и во Модуларна болница вкупно 22 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се 24 пациенти
Во текот на денешниот ден испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева