Во велешка болница се лекуваат пет ковид пациенти

Објавено на 14 јули, 2022 во 10:57

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани пет ковид пациенти од кои четворица се потврдени позитивни на вирусот додека еден пациент е сомнителен.

-Сите болнички пациенти се хоспитализирани и се лекуваат на Инфективно одделение.  На кислородна поддршка е само еден пациент, соопшти портпаролката на велешка болница  д-р Елена Левкова Ќулумова.

Во моментов во болница има 41 слободни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во велешка болница примени се двајца пациенти и исто толку се испишани од болничко лекување.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.