Во велешка болница слободни 36 кревети на ковид одделите
Објавено на 30 декември, 2021 во 20:27
Во изминатите 24 часа на болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес се наоѓаат 20 ковид пациенти. Од нив по девет се позитивни и негативни, двајца се непотврдени и исто толку се ново примени.
-На кислородна поддршка се 12 пациенти. На Инфективно одделение се лекуваат 14 и на Интерно одделение Б оддел шест пациенти,
Рече д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Од болничко лекување се испишани двајца пациенти. Во болницата има 36 слободни болнички кревети за заболени од Ковид-19.
Убавка Јаневска