Во велешката болница се лекуваат 84 ковид пациенти, од нив 40 на кислородна поддршка
Објавено на 26 април, 2021 во 16:24
Во текот на денот од Општа болница Велес, испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Во моментов на болничко лекување се вкупно 84 ковид пациенти од кои 68 се потврдени позитивни, шест сомнителни и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се вкупно 40 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 29 пациенти, на Интерно одделение шест, во Физикална седум и во Модуларна болница вкуно 32 ковид пацинти.
Стефани Манева