Волонтерите на велешки Црвен крст подготвија лимонада, мафини и пуканки и ја промовираа летната програма

Објавено на 4 јули, 2024 во 09:56

Волонтерите од клубот на млади при Црвен крст Велес, вчера, поставија штанд пред „Панини“ преку кој ја промовираа летната програма на младите велешани и им презентираа зошто треба да бидат дел од најхуманото семејство на волонтери.

Тие претходно подготвиле лимонада, мафини и пуканки на кои беше прикачен и код за скенирање кој води дирекно до линкот за пополнување на пријава за членство во клубот на млади.

Од велешки Црвен крст велат дека летната програма е наменета за сите млади луѓе на возраст од 14 до 18 години кои својот летен распуст сакаат да го поминат корисно.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.