Вонбрачна партнерка пријавила во полиција тепање и закани од 18 години помлад партнер во домот во којшто заедно живееле
Објавено на 3 јануари, 2025 во 10:01
Четириесет и пет годишна вонбрачна партнерка од Велес го пријавила во Сектор за внатрешни работи Велес лицето С.Х (27) од велешко село, вчера, во 13:10 часот, за закани и физички напад во нејзиниот дом каде што заедно живееле.
-Полициски службеници постапиле по пријавата и го лишиле од слобода С.Х. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева