Возач удрил во електричен столб на влезот во село Долно Каласлари, без струја биле околните куќи
Без електрична енергија останале неколку околни куќи како и клучката на делницата од автопатот село Долно Каласлари откако возач на влезот во селото удрил во електричен столб, поточно дрвена бандера, раставувач за Транфостаница Ајдар во сопственост на ЕВН.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека сообраќајната незгода се случила во саботата, на 14 јануари, околу 18:00 часот, по што возачот го напуштил местото.
– На ден 14.01.2023 година околу 18.00 часот на влез во С.Долно Каласлари-Велес, се случила сообракајна незгода во која НН лице управувајки ТМВ со прикачено приклучно возило непозната марка и рег.број, удрило во електричен столб (дрвена бандера) раставувач за Трафостаница Ајдар, сопственост на ЕВН, при што дошло до спој во трафостаницата поради што без електрична енергија останале неколку околни куќи, како и клучката на делницата од автопатот С.Долно Каласлари. По незгодата возачот го напуштил лице местото, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Од незгодата предизвикана е материјална штета којашто дополнително ќе биде утврдена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева