За 12 дена девет колабирања на граѓани на улица, екипите на велешка Итна помош постојано на терен (видео и фото)

Објавено на 28 јуни, 2023 во 11:46

Промената на времето, од дождлив во топол период, со нагол скок на температурата е причина за колабираните граѓани  на улици во Велес. Колабираат возрасни но и помлади граѓани. Вклучените се сирените на амбулантните возила низ градските улици како во денот така и во раните вечерни часови се поради зголем број на повици за интервенција на лекарските екипи во домашни услови или за сообраќајни незгоди. За 12 дена во месец јуни 623 граѓани се прегледани од страна на екипи на Итната помош и 244 во домашни услови. Итна помош интервенирала и над девет колабирани граѓани на улица, вели др Елена Коцевска.

„Поради нагло зголемување на температурите бројот на колапси е во пораст во текот на месец јуни, поточно во втора половина кога интервениравме на девет колапси на градските улици. Што се однесува на овој период односно од 15 јуни до денеска вкупно 623 пациенти се прегледани амбулантски и уште 244 во домани посети, додаде др Коцевска.

Докторката  советува возрасните граѓани, како ризична група, да не излегуваат од дома во временскиот период 10:00 до 17:00 часот. Во исто време особено треба да внимаваат и останатите велешани. Шише со вода и заштита од сонце со чадор или капа треба да бидат задолжителни заедно со потенка и светла облека. Граѓаните треба да внимаваат на исхраната но и гладни да не излегуваат надвор од домот.

„Хронично болните, особено со срцеви и белодробни заболувања, да се придржуваат на овие препораки и редовно да ја примаат терапијата. Во случај на промена на нивната здравствена состојба да се консултираат со лекар,“ додаде Коцевска.

Освен зголемениот број на колабирања деновиве чести се и сообраќајните незгоди во кои учесници се моторни возила но и мопеди, мотори и скутери.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.