За седмиот претседател ќе гласаат 44.858, а за пратеници во Собрание 44.954 велешани
Триесет и тројца затвореници од седум општини во Македонија и 234 болни и изменоштени граѓани го остваруваат сопственото право на глас на седмите претседателски и на единаесетите по ред парламентарни избори во општина Велес.
Од вкупниот број на болни и изнемоштени граѓани 210 гласаат во домашни услови на територијата на градот додека 24 во шест населени места во општината. Од нив 12 во село Бузалково, пет во Башино село, три во село Каласлари, две во село Мамутчево и по едно изнемоштено или болно лице во Отовица и во Чалошево.
Според податоците на општинската изборна комисија во текот на утрешниот ден право на избор на седмиот претседател имаат 44.858 додека за единаесетиот состав на собранието на Македонија 44.954 граѓани со право на глас на вкупно 84 избирачки места.
Убавка Јаневска