Загина 77 годишен маж од Горно Оризари во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Радовиш
Во Полициска станица Велес, вчера утро, во 09:30 часот, У.К. (54) од велешко село Горно Оризари, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77), од истото село, се оддалечил од неговиот дом.
Според пријавеното, У.К претходната вечер, во 22:00 часот, добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот но не успеале да го пронајдат седумдесет и седум годишниот маж.
-На 4 јануари, по претходна пријава во СВР Штип, од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на Технолошка индустриско развојна зона – Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12:00 часот од страна на увидна група при Полициска станица за Безбедност во полициски сообраќај Штип и ОКТУПА при Сектор за внатрешни работи Штип, заедно со екипа на Итна медицинска помош Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г. По насоки и овластување од надлежен Јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип извршен е увид а телото коешто предадено е на обдукција, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска