Загина жена во сообраќајка на автопатот кај Демиркаписки тунел
Објавено на 9 јуни, 2023 во 15:11

Рано утринава се случи сообраќајната несреќа на автопатот А1, кај Демиркаписки тунел во која загина 47 годишната Т.П.П од Неготино. Жената управувала патничко возило марка „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки кое што изгубило контрола и се превртело.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општа болница Кавадарци, каде што околу 10.00 часот починала.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата жена било предадено на обдукција откако увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Неготино.
Убавка Јаневска
