Заматена водата за пиење во Кавадарци, се препорачува да се преврива

Објавено на 24 јануари, 2023 во 13:09

Поради обилните дождови на изводите Лукар, има заматување на водата за пиење од градскиот водовод, соопштија денеска од Јавно претпријатие  „Комуналец“ од Кавадарци.

– Се препорачува во следниот период превривање на водата која се користи за пиење,  додека не објавиме дека водата е исправна за пиење, соопштија од комуналното претпријатие, пишува во фејсбук објавата на ЈП „Комуналец“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.