Земјотрес почувствуван во Свети Николе и Штип

Центарот за управување со кризи од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добил известување за почувствуван земјотрес во Македонија.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, доцна попладнево, во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 км источно од Скопје, во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.“
Дума.мк
