Жарко Бошњакович афирмиран спрски лингвист добитник на „Почесно рациново признание“ за 2022 година
Истакнатиот српски лингвис проф. др Жарко Бошњакович е редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад во научно обрзовната област српски јазик и лингвистика којшто значаен дел од професионалната научна кариера ја посветува на македонскиот јазик и неговото проучување во однос на српскиот јазик. Бошњакович учествува во изработка на Прирачници за реализација на настава по македонски јазик за потребите на многубројни образовни институции во соседна Србија. Годинешниот добитник на престижната наградата, „Почесно рациново признание 2022“ посветува големо внимание и на проучување на балканските јазици. Неговите трудови од областа на синтаксата и теолингвистиката користат специфични лингвистички методи базирани на споредбено проучување на македонскиот, српскиот и грчкиот јазик.
-Како долгогодишен универзитетски професор Бошњакович учествува во реализација во повеќе наставни програми за додипломски, магистерски и докторски студии, како што се Вовед во балканологија, Балканските јазици во контакт, теренска лингвистија, македонски јазик 1, македонски јазик 2 и многу други. Проф. д-р Жарко Бошњакович е автор и коавтор на значајни монографии како и на бројни статии и студии објавувани во значајни стручни, периодични публикации во Србија и пошироко, рече магистер Владимир Илиевски од НУБС.
Сите негови досега објавени авторски , коавторски дела, значајни статии и студии за македонскиот јазик што се дел од научно истражувачка дејност, говорат за афирмација и популаризација на македонскиот јазик и македонската култура надвор од границите на нашата држава за што Организацискиот одбор на културната манифестација „59 Рацинови средби“ ја донел одлуката д-р Жарко Бошњакович годинава го добие „Почесно рациново признание“.
Стефани Манева