Жена од Бегниште, кавадаречко, лишена од слобода поради предизвикување пожар
Објавено: 10 септември, 2025, во 12:40 часот
Триесет и четири годишната В.В од село Бегниште, кавадаречко, вчера во 16:45 часот била лишена од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
Како што соопштија од СВР Велес, околу 14:00 часот на својата нива кај место викано „Рамна“ на локален пат село Бегниште – село Кошани запалила стари предмети а пожарот се проширил и зафатил родни дрвја нејзина сопственост и три лозови насади, сопственост на М.Т.(41) и З.П.(45), двајцата од село Бегниште и К.Т.(74) од Кавадарци .
-Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритријална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, додаваат од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.
Дума.мк

