Вардар се пласираше во групната фаза од Лига Европа.
Објавено: 24 август, 2017, во 21:32 часот
Македонскиот шампион Вардар со победа среде Истанбул од 2-1 против големиот фаворит Фенербахче избори историски пласман во групната фаза од Лига Европа.
„Црвено црните“ одиграа одличен меч и не му дозволија на противникот да креира своја игра и шанси. Турците по оние 0-0 во првиот дел сепак први го отворија резултатот во вториот дел со погодокот на Роман. И кога подготвуваа екстра притисок кон голот на одличниот вечерва Гачевски Џигаури искористи една контра и израмни на 1-1. Победоносниот погодок на Вардар го обезбеди нововлезениот Глигоров.
Вардар е првиот македонски тим што обезбеди влез во групната фаза од Лига Европа за која извлекувањето на групите е утре.


