Со доделување на наградите заврши шестиот Велешки пливачки маратон на „Езеро Младост“
Свеченоста се одржа на крајбрежјето на езерото кога официјално организаторите, Организаторите Националната пливачка федерација, ЗСР за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.и КК „Бабуна“, како и поддржувачот Општина Велес ги прогласија победниците на Меѓународниот пливачки маратон.
Во категоријата пливање на патека долга 2.500 метри во категоријата мажи победи Борјан Давковски од Пливачки клуб „Нептун “ со резултат од 36:32 минути, второто место го освои Давид Јорданов од Пливачки клуб „Орион“ со време од 36:38 минути а на третото место се пласираше пливачот на Пливачки клуб „Степ“ од Приштина, Косово, Сидрит Деску со време од 38:27 минути.
Во категоријата женско пливање на патека долга 2.500 метри победи Калина Стојановска од Пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје со време од 36:30 минути а второт место го освои Антонија Андоновска од Пливачкиот клуб „Челични“ со време од 56:31 минути.
Најдобар во категоријата маратонско пливање на 5000 метри беше Андреј Стојановски од Пливачки клуб „ Нептун “ со време од 1:05:40:58 час, второто место го освои пливачот Божидар Мирчевски од Пливачки клуб „ВИП Работнички“ со време од 1:14:13:93 час и третото место Петар Краљевски од Пливачки клуб „Аква“ од Куманово со време од 1:33:39 час.
Кај жените пливачки во маратон долг 5000 метри прва на целта стигна Јана Костандиновска од Пливачкиот клуб „Младост“ со време од 1:14:35 час, второто место го освои пливачката на клубот „Младост“ Калина Стојчевска со време од 1:24:51 час и на третото место се пласира пливачката Лина Јордановска од Пливачки клуб „ Младост“ со време 1:33:45 час.
Дипломи, медали, пехари и парични награди добија и Ултрамаратонците Евгениј Поп Ацев од Пливачкиот клуб „Вардар“ кој со време од 2:10:26:42 часа го освои првото место во маратонската трка на 10.000 метри и второ пласиран е Александар Илиевски од Пливачки клуб „Нептун“ со постигнато време од 2:11:50:82 часа.
На победничкиот пиедестал се искачија тројцата победници во категоријата пливачи аматери кои се натпреваруваа на патека долга 2.500 поточно првопласираниот Дарко Поп Ацев, второпласираниот Јордан Иванов и третопласираниот Толга Демирџан од Република Турција.
За организацијата, безбедноста и техничките предуслови кои ги поседуваа патеките за пливање на „Езеро Младост„ организаторите Националната пливачка федерација, ЗСР за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.и КК „Бабуна“ и поддржувачот Општина Велес ги добија сите пофалби на домашните и пливачките клубови од Бугарија, Турција и Косово.
– Условите што ги поседува „Езеро Младост“ за одржување на пливачки маратони сосема одговараат на европските стандарди. Сакам да кажам дека овде, кај вас, можат да се организираат еропски пливачки маратони, рече тренерот и меѓународна судијка Андријана Прокопиева од Бугарија.Таа и Васил Велков беа годинешни Врховни судии на маратонот.
Градоначалникото Аце Коцевски изјави дека штом се презадоволни учесниците на маратонот тогаш и тој е задоволен и мотивиран по исполнување на ветувањето за организација на Меѓународен пливачки маратон кој е и најпосетен од година тој да биде издигнат на уште повисоко професионално ниво.
– Нашите амбиции се секоја година се повеќе да расте маратонот, со македонската пливачка легенда Томи Стефановски да формираме пливачки клуб и во Велес од кој ќе произлезат и репрезентативци кои ќе потекнуваат од градот Велес, рече Коцевски.
Шестиот Велешки пливачки маратон, прв од меѓународен карактер, го проследија над 300 љубители на маратонското пливање од Велес, Штип, Кавадарци и од Скопје заедно со гости од Косово, Бугарија и Турција../У.Ј