Mојсоски: За да не тече страничниот покрив на салата „Гемиџии“ во Велес санацијата ќе ја обезбеди општината а затоплувањето Агенцијата
11.03.2021
На новинарското прашање дали Агенцијата за млади и спорт планира реконструкцја и на преостанатиот дел од покривот на Спортска сала „Гемиџии“ под кој се наоѓа деловен простор како и систем за греење и ладење во објектот, директорот Наумче Мојсоски одговори:
-За ова веќе е разговарано со Градоначалникот Аце Коцевски. Ние како Агенција за млади и спорт веќе предвидовме реконструкција за затоплување и греење на 20 објекти во нашата држава. Првите пет се во Битола, Охрид, Велес, Куманово и Гостивар. Тие пет објекти се предвидени да добијат енергетска ефикасност како и системи за затоплување, греење и ладење. Пред се од моја и од страна на Агенцијата за млади и спорт предвидени се средства само треба да се седне и да се разговара. Веќе бев да разговарам во Битола и во Охрид. Денеска е моментот да седнеме со градоначалникот кој веќе е запознаен дека со дел општиски пари и дел средства од Агеницјата за млади и спорт. Покривот ќе се санира со средства од општината за да може Агенцијата за млади и спорт да почне да инвестира во загревање на самиот објект, рече Мојсоски.
Убавка Јаневска