Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска победници на IX Велешки пливачки маратон

Објавено на 18 септември, 2022 во 17:07
Фото: Евгениј Поп Ацев,повторно победник на Велешки пливачки маратон

Поп Ацев во трката во должина од 5.000 метри, во водите на езеро „Младост“ и во досега незапамтен фото финиш, за дел од секунда беше подобар од второпласираниот Александар Илиевски. Трет на маратонот е Кристијан Стојковски. Во женската пливачка трка на 5.000 метри,исто како минатата година, победи Јана Костадиновска. Таа годинава беше единствената натпреварувачка во оваа категорија.

Фото: Велешки пливачки маратон 2022

На Велешки пливачки маратон 2022 во професионалната трка на 2.500 метри Давид Трпчевски од ПК„Делфин“ го освои првото место во категорија на натпреварувачи родени помеѓу 2008 и 2010 година додека Андреј Караскаковски од ПК„Скопје“ во категорија на родени помеѓу 2005 и 2007 година додека Михаил Велков од ПК„Нептун“ е втор и Мартин Дончев од ПК„Левски“ Софија, Р.Бугарија е третопласиран.

Кај девојките родени помеѓу 2008 и 2010 година прва е пливачката Сара Јанковиќ од ПК„Скопје“, втора Зоријца Христова од ПК„Левски“ од Софија,Р.Бугарија е втора и Софија Стефановска од ПК„Нептун“ е трета. Во категорија на родени помеѓу 2005 и 2007 година најдобар резултат постигна пливачката Ивана Неделкоска од ПК„Скопје“, второто место го освои Јована Неделкоска од ПК„Скопје“ и трета е Росана Ѓошева од ПК„Скопје“.

Фото: Велешки пливачки маратон 2022

Теодора Соколова кај жените и Дарко Поп Ацев кај мажите рекреативни пливачи се победници на трката на 2.500 метри на деветтиот Велешки пливачки маратон. Во машка конкуренција второ пласиран ерекреативецот Дејан Гуџов и третото место го освои Дарко Соколов.

Победници во рекреативната трка на 800 метри за деца од 8 до 12 години , како дисциплина воведена за прв пат годинава, најдобар во машка конкуренција е Никола Ивановски додека во женска Матеа Јанковска.

Фото: Велешки пливачки маратон 2022

Наградите на најдобрите пливачи им ги врачија градоначалникот на Велес,Марко Колев, претседателот на Пливачка федерација Горан Стојановски и Адријана Прокопиева меѓународен судија од Бугарија.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.