(Фото) Белградскиот атлетски маратон ќе биде прв предизвик во 2024 година за младиот атлетичар Роберто Димитривски од Велес
По прифатената пријава на Белградски атлетски маратон атлетичарот Роберто Димитриевски од Велес ги започна интензивните подготовки. За младиот спортист новогодишните и божиќни празници нема да бидат време за одмор и славење. Напротив тој тренира како на кондиционите така и на усовршување на техничките вештини.
-Тренирам секојдневно и нема да има прекини за време на празниците. Сосема сум задоволен од минатогодишниот настап на Белградски атлетски маратон,на крајот на ноември, кога во меѓународна конкуренција, на 10 километри, постигнав време од 36 минути и го освоив високото 9 место во конкуренција на над 4 илјади учесници. Тогаш бев втор по време од македонските атлетичари кои го развиорија македонското знаме во Белград. Ми значи тоа што бев омилен атлетичар на тамошната публика и атлетичарите кои ме бодреа извикувајќи „Браво Македонец“. Дадов изјави за повеќе српски медиуми и мислам дека достојно ја презентирав македонската атлетика,својот роден град Велес и Македонија. Со учеството на овој маратон мислам дека успешно ја заокружив оваа, за меме, успешна и незаборавна 2023 година, рече Димитриевски.
Роберто Димитриевски трча „рама до рамо“ и е меѓу најдобрите маратонци во земјава поточно најдобриот македонски и најдобар балкански атлетичар Дарио Ивановски. Димитриевски и Ивановски на напорната трка во Лозово, на 15 километри, цело време трчаа заедно, за на крај младиот велешки атлетичар малку да заостане и сепак да го освои високото петто место.
-Мојата целосна почит кон него за гестот што ми го приреди кога на целта во знак на воодушевување и почит Дарио Ивановски го соблече својот дрес и ми го подари со зборовите „Секоја чест дечко“. Токму на овој маратон освен со Дарио подобро се запознавме и со атлетичарот Жан Тосев. Оттогаш сме сите тројца заедно и секогаш сме пласирани меѓу најдобрите петмина македонски маратонци на многуте маратонски трки во земјава, додаде Димитриевски.
Како атлетичар на АК „Велес“ од Велес, Димитриевски, е редовен учесник на атлетските државни првенства и маратонски трки. Иако зад себе има само две годишно интензивно атлетичарско натпреварување тој зад себе има освоено повеќе значајни резултати. Минатата година беше 5- тти на државното првенство во атлетика на 5 километри со време од 18 минути и 7 секунди.
Сепак годинава за него е особено успешна и се’ повеќе го завзема врвот на најдобрите македонски атлетичари маратонци и е атлетичар-маратонец во подем, потенцираат добрите познавачи на атлетиката меѓу кои и најдобрите македонски маратонци Дарио Ивановски и Жан Тосев.
-Ми причинува задоволство што во силна конкуренција го освоив високото прво место и златниот медал на 15 –тиот Армиски Атлетски маратон во Скопје, на 8 километри, во конкуренција на цивили и претставници на Армијата,со време 21 минута 25 секунди.Првенството го организира ше Генералштабот на Армијата. На велешкиот маратон, по повод 9-тти Ноември, на трката на 5 километри, го освоив првото место со време од 18 минути и многу ми значат ракоплескањето и овациите на бројната публика која дојде да го проследи овој празничен маратон на градот во кој сум роден, живеам и спортувам. На Маратонот во Кичево, на 5 километри, постигнав резултат од 16 минути и 40 секунди што е и мој, личен најдобар резултат, и на самата цел влегов четвртти со само стотинка време на заостанување по третопласираниот. На маратонот во Лозово што на 15 километри го организира Општина Лозово во силна конкуреција го освоив 5 то место исто како и на маратонот во Прилеп, со време од 17 минути и 39 секунди. На маратонот во Гевгелија во силна меѓународна конкуренција, на 5 километри, го освоив високото 7 место со време од 17 минути. Затоа велем дека имав успешна година. И тоа е мојот поттик за повисоки пласмани и за победи во 2024-та, од која не дели само утрешниот ден, додаде Димитриевски.
Роберто Димитриевски во трката на 5 километри го освои високото 11 место меѓу 6547 учесници во машка и женска категорија на WIZZ AIR Скопски маратон 2023 кога на целта стигна за 18 минути и 7 секунди.Тој воедно беше со најдобро време од велешките атлетичари од велешките атлетски клубови. Зад него се пласираа врвни атлетичари, натпреварувачи од Италија, САД, Словенија, Албанија, Јапонија, Србија и други земји учесници на овој реномиран маратон од светски рамки.
Затоа секојдневите напорни тренинзи, по 2-3 пати на патеката во Градскиот парк бидејќи атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион„Зоран Паунов“ за жал е руинирана, сега се негов приоритет. Него публиката во 2024 година ќе го гледа и на сите останати домашни атлетки маратони додека за кратко време го најави и целосниот список за учество и на меѓународните.
Убавка Јаневска