Фудбалерите на „Борец“ стигнаа до посакуваните бодови со многу мака на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес

Велешки „Борец“ доста тешко стигна до победа со екипата на битолски „Пелистер“, совладувајки го со резултат 2:1 во натпревар којшто се играше во рамките на шестото коло на првата фудбалска лига.
Домашните поведоа доста рано, во шестста минут, преку Зарате. Во 42 та минута на натпреварот „Пелистер“ израмни со голот на Принс. По 16 минути Лука Трајковски, со прецизен удар од далечина, го постави конечниот резултат.
„Борец“ на овој натпревар создаде доста шанси но, тоа што освојувањето на бодовите беше особено значајно го стори своето.

Натпреварот помина во грч и предпазливо. Во двата наврата кога се доаѓаше во водтсво наместо да се нападне и дотолчи противникот домашните се повлекуваа и му даваа шанса на гостинот да се опорави и да нападне.
На крај големо беше задоволството кај гледачите од победата но и од напредокот во играта на „Борец“. Очигледно е дека стручниот штаб си ја знае работата и очигледно е дека младите фудбалери напредуваат. „Борец“ има најмлада екипа во лигата и времето работи за велешани. Овие три бода многу ќе значат за понатамошниот настап во првенството.
Лазар Лазаровски
