Нов пораз на фудбалерите на велешки „Борец“ од штипска „Брегалница“
Ништо ново, резултатски, за екипата на „Борец“ во годинешново првенство на првата фудбалска лига. Тие во натпревар од 23 коло, иагубија од „Брегалница“ со резултат 3:0.
Домашните не беа подобри за три гола но покажаа поголема желба, беа поцврсти во стартовите и победата им требаше за да ја вратат самодовербата по лошите изданија на последните средби.
За „Борец“ овој натпревар беше шанса со просечната „Брегалница“ да стигнат до бодови кои ќе го вратат тимот во борбата за опстанок. Фудбалерите на „Борец“ одигра отворено но сепак немаа сили да приредат изненадување. Отворената игра е убава за око но не дава резултати.
Како и да е втората лига е се поблизу и само чудо може да го спаси тимот од испаѓање од Прва македонска фудбалска лига.
Лазар Лазаровски