Нов предизвик „Ренова“
Објавено на 17 август, 2021 во 13:27
По неделната победа над екипата на „Тиквеш“ со резултат 2:1 велешки „Борец“ во третото коло од натпреварите на првата фудбалска лига, гостува во Тетово каде ќе се сретне со екипата на „Ренова“.
Минатото коло „Ренова“ направи големо изненадување совладувајќи го шампионот „Шкендија“ со 2:1 а сега најавуваат победа и над „Борец“. Меѓутоа велешани на средбата со „Тиквеш“ покажаа одлична физичка подготвеност и што највеќе радува составот полека но сигурно се уигрува па во Тетово ќе проба да го изненади домаќинот.
Натпреварот Ренова – Борец се игра во среда на градскиот стадион во Тетово со почеток во 17:00 часот.
Лазар Лазаровски