Победа на ГOK„ Борец“ во Тетово
Објавено: 27 февруари, 2022, во 19:15 часот
Во натпревар од второто коло на плеј офот од првата одбојкарска лига на Македонија велешки „Борец“ стигна до важна победа на гостувањето во Тетово. Совладана е „Лирија“ со 1:3 по сетови 24:26, 25:18, 22:25 и 24:26. Ова беше интересен и неизвесен натпревар во кој велешките одбојкари беа подобри и заслужено стигнаа до победата.
Дарко Николов еден од тренерите во „Борец“ за Дума изјави:

„Двете либера не можеа да настапат па бидејќи сум пријавен како играч настапив. Одигравме солидно и ја исправивме неправдата од редовниот дел на првенството кога и покрај победата со овој противник сребата ја загубивме на зелениот стол. Самиот натпревар помина во интересна игра во која бевме помотивирани и бевме подобри.”
Покрај сениорите играа и кадетите на ГОК „Борец“. Тие на третиот турнир,што се одигра во Велес, добија два натпревари и сега имаат скоро 6 од 6. Со ова само се потврдува добрата работа во клубот и со младите категории.
Лазар Лазаровски
