Со нерешен резултат, Борец е есенски првак во третата лига!
Нерешено, еден спрема еден, одиграа денеска на градски во Велес фудбалерите на Борец и Бабуна од Мартолци. Во дербито на последното петнаесетото коло на третата лига – југ, гостите или фудалерите на Бабуна постигнаа гол во 37 минута. Го даде фудбалерот Михајлов а домаќините од Борец играа борбено се до 71 минута кога преку Петрушевски го израмнија резултатот.
Публиката за натпреварот коментираше дека проследила борбен но не така квалитетен натпревар па затоа нерешениот резултат за нив беше најреален за дербито во кое во улога на победници сакаа да се видат домаќините ама и гостите.
Сепак Борец е есенски првак во третата лига – југ со освоени 41 бод на вкупно 15 одиграни натпревари на кои 13 пати славеше победа, два пати одигра нерешено и не беше поразен во ниту еден натпревар. Исто така, на второто и третото место, во третата лига се наоѓаат екипи од велешкиот регион поточно втора е Бабуна со 32 бода а трет е Илинден од Башино село со 31 бод.