Кик боксерот Димитар Ѓорѓиев е најдобар млад спортист на Македонија!
Тој е Европски вице-првак а со титулата се закити на неодамна одржаното првенство во Романија.
На манифестацијата “Спортист на годината” во организација на ССФМ и АМС, неготинецот Димитар Ѓорѓиев е прогласен за најдобар млад спортист на Македонија.
Признанието за младиот Ѓорѓиев доаѓа по одличниот резултат што тој го постигна на неодамна одржаното Европско првенство во кик бокс во Букурешт, Романија.
Таму овој македонски кик боксер, во силна конкуренција и во категорија до 74 килограми, го освои второто место и стана Европски вице – првак.
Инаку,Ѓорѓиев е и актуелен светски првак во кик бокс во категоријата до 71 килограми.
Во Неготино е препознатлив по својата скромност која за миг ја снемува кога ќе влезе во рингот и целата своја енергија ја насочува кон својот противник.
Него за најдобар млад спортист во 2012 година го избраа спортските новинари, националните спортски федерации и љубителите на спортот кои гласаа преку интернет.