И велешани ќе спортуваат на Медитеранските игри во Турција!
Тројца велешки спортисти во поединечна конкуренција и петмина во екипни спортови ќе се натпреваруваат на најголемото спортско натпреварување кое ќе се одржи летово во Турција.
Тоа започнува на 20 јуни и ќе трае десет дена. Велешаните кои ќе спортуваат во поединечна конкуренција се атлетичарот Кристијан Ефремов, велосипедистот Костадин Петров и пливачката Ана Богдановска. Во екипни спортови како членови на репрезентацијата ќе се натпреваруваат Мартин Манасков и Ивица Лазаревски во ракомет, Владимир Брчков и Александар Штерјов во кошарка, Благој Гинов во одбојка. Тренер на велосипедистите пак ќе биде Сашко ванчевски.
161 спортист од земјава во 19 спортови ќе усчествуваат на Медитеранските игри и ќе бидат првите кои ќе ја престават Македонија таму меќу 24 земји учеснички. Најбројни се во екипните спортови со 5 тима, додека од поединечните спортови најголемата застапеност има во борење, бокс и пливање. Наши спортисти ќе се натпреваруваат и во карате, тенис, атлетика, мечување, пинг понг, стреличарство, стрелаштво, џудо, велосипедизам, бадминтон, таеквондо и гимнастика. Први настапуваат кошаркарите на 18 јуни против Египет, ден подоцна фудбалерите против Либија.