Фудбалерките на „Борец“ ги победија битолчанки со 2: 1
Викендов, на домашен терен, екипата на женскиот фудбалски клуб „Борец“ извојува победа над екипата на „Драгон“ од Битола. Домаќинот покажа дека е надмоќен на теренот иако на натпреварот одигран во рамки на 15 – тото коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија го имаше за ривал квалитетниот тим на „Драгон “ од Битола.
Првиот гол за велешанки го постигна фудбалерката Елма Шемсовиќ, играч од средниот ред. Таа имаше ефектен погодок во 30 минута на првото полувреме. Гостинките израмнија петнаесетина минути подоцна, поточно во последната минута на првиот дел на натпреварот.
Домаќинките на „Борец“ ја имаа контролата над теренот и во второто полувреме иако Шемсовиќ промаши пенал. Натпреварот и победата на домаќинките ја реши голот на фудбалерката Драгана Гегова, играч од средниот ред на екипата, во седумдесеттата минута.
Шемсовиќ и Гегова се репрезентативки на Македонија до 19 години.
Викендов ЖФК „Борец’“ е слободен за потоа, во 17-тото коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, на Градски во Велес да ја пречека екипата на ЖФК „Речица“ од Куманово. Велешанки, во последното коло ќе треба да одиграат натпревар во Струга со екипата на „Ас Јунајтед“./У.Ј