Ултрамаратонците Поп Ацев прв и Илиевски втор на Меѓународниот Велешки пливачки маратон

Објавено на 15 септември, 2019 во 13:10

Evgenij Pop Acev fin

Светскиот првак во Ултра маратон Евгениј Поп Ацев ја исплива маратонската трка на 10 км на шестиот Велешки пливачки маратон на „Езеро Младост“ со време од 2:10:42 часа.

Втор на целта стигна ултрамаратонецот Александар Илиевски со постигнато време од 2:11:50:82.

Pop Acev i Aleksandar Ilievski finУлтрамаратонците беа вистинска атракција на Меѓународниот Велешки пливачки маратон. Публиката со овации ги поздрави штом влегоа на целта. Двајцата пливачи веднаш штом се исправија во водите на езеро Младост меѓусебно си честитаа што дополнително предизвика реакции на бројните посетители кои денеска дојдоа од Велес, Кавадарци и Скопје со посебно внимание да го проследат спортскиот настан./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.