Тројца велешки каратисти ќе учествуваат на Светско првенство во Венеција, Италија

Објавено на 17 септември, 2024 во 11:16

На последниот Плеј-Оф, каратистите од велешкиот клуб „Гладијатор“ оствариле одлични резултати, тројца од нив го понеле златниот медал додека останатите тројца бронзениот. Од клубот со гордост соопштуваат дека тројца од натпреварувачите ќе учествуваат и на Светско првенство во Венеција, Италија додека останатите ќе се натпреваруваат на Балканско првенство во Сараево во Босна и Херцеговина.

На Плеј-оф којшто се одржа на 8 септември, годинава, првите места ги освоиле Марко Поптодоров за машка ката у21, Чорески Хасан во кумите машки јуниори -68кг и Борјан Димовски ката машки кадети.

Бронзените медали ги освоиле Бацковиќ Лука во кумите машки јуниори -76кг, Игевска Паула ката женски кадети и Димовски Марко ката машки јуниори.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.