Афрички бран повторно доаѓа во регионот и во Македонија со температури до 40 степени!

Објавено на 30 јуни, 2025 во 08:52

Територијата на Македонија, како и на целиот регион, од денес, понеделник, 30 јуни, па се до следниот понеделник, 7 јули.  ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок.

„Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво, многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес, 30 јуни и утре,1 јули, особено во Повардарието.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат до околу 40/41 степен. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.

Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот. како и да пијат повеќе течности,“ соопшти метео прогнозерто Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.