АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
Објавено на 11 октомври, 2022 во 09:27
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/10/sosto-ba-na-patishta-dozhd.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)