Армијата испрати уште 36 спасувачи во Турција

Објавено на 9 февруари, 2023 во 13:12

Македонската армија денеска испрати во Турција дополнителен тим од 36 припадници на баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини. Тимот замина денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје и ќе учествува во хуманитарната операција во областите во Турција кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.

На испраќањето на дополнителниот тим од Армијата, како што соопшти Министерството за одбрана, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им порача најпрофесионално да го вложат целиот свој потенцијал и обученост и да им помогнат на граѓаните на сојузничка Турција.

Инаку за заминување на армискиот тим во Турција одлука донесе Владата, а на предлог на Министерството за одбрана за испраќање дополнителна помош.

Во меѓувреме, армискиот тим кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во урнатините настанати од катастрофалните земјотреси.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.